Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Малопродажните цени на горивата се намалуваат – бензините поевтинуваат за денар и половина, но цената на дизелот не се менува.

Малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.82%. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 1.50 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 101.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 103.00 денари.

Цената на дизелот не се менува, па еден литар ЕУРОДИЗЕЛ и понатаму ќе чини рамно 100 денари.

извор: РКЕ