Битола денес го одбележува Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“, во организација на Општина Битола и Преспанско–пелагониската епархија. Овој значаен празник започна со утринска Литургија во Соборниот храм „Свети Великомачник Димитриј“, каде што бројни верници се собраа за заедничка молитва.
По Литургијата, беше организирана свечена Литија, прошета низ битолските улици. Литијата се движеше по улицата „Кирил и Методиј“, покрај Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ и заврши низ познатиот Широк Сокак, што создаде празнична атмосфера низ градот.
Прославата ќе продолжи и напладне, со свечена церемонија на која ќе бидат доделени награди и признанија на најуспешните ученици од основните и средните училишта во Битола, како дел од иницијативата на општината за промоција на младинските таленти.
Овој празник не само што го слави светецот заштитник на градот, туку е и можност за заедничко духовно и културно зближување на битолчани.
otv.mk