Не се случува често некој да го доживее својот 102-ри роденден. Затоа, кога тоа ќе го направат сестри-близначки, веста инстантно се распространува ширум светот.
Мерилин Рајт и Меделин Каспер од Охајо заедно го прославија овој специјален ден, а покрај нив биле најблиските членови на семејството и пријателите.
„Близначки на 102 години. Сметам дека тоа не се случува секој ден. Затоа ние мислевме дека овој пат мора добро да прославиме“ – рекле двете сестри.
Мерилин и Меделин негуваат блиски односи и покрај тоа што и двете имаат основано свои семејства. Тие заедно имаат вкупно 13 деца кои велат дека се благословени што двете се сè уште со нив. „Благословени сме што ги имаме и двете сè уште со нас и двете се во добро здравје – физичко, а не само ментално“ – изјавиле нивните деца.
Бабичките испратиле само една роденденска порака. „Бидете љубезни со соседите. Покажете добрина. Не мразете. Зборот мразам треба да биде отстранет од вашиот речник“ – порачале тие.
femina.mk