Ватикан подготвен да го олесни дијалогот меѓу Русија и Украина

Ватикан е подготвен да го „олесни дијалогот“ меѓу Русија и Украина за да се стави крај на војната, изјави високиот дипломат од Ватикан, Пјетро Паролин.

Паролин, државниот секретар на Ватикан, кој е втор во хиерархијата на Ватикан, веднаш зад папата, за италијанските весници изјави дека „и покрај војната што Русија ја започна против Украина, тој е убеден дека секогаш има простор за преговори“, пренесува Ројтерс.

 

извор/фото: агенции