„Џиро д’Италија 2025“, една од најпрестижните организации во велосипедските спортови, која се одржува 108. пат, оваа година започна во градот Драч, во Албанија, известува Анадолу.
Сто и осумдесет велосипедисти ќе вртат педали 164 километри на стартот од трката „Џиро д’Италија 2025“. Првата етапа што се вози низ Албанија ќе започне од пристанишниот град Драч, а ќе заврши во главниот град Тирана.
И втората и третата етапа од „Џиро д’Италија 2025“ ќе се одржат во Албанија, во градовите Тирана и Валона на 10 и 11 мај.
Во втората етапа што ќе се одржи во Тирана велосипедистите ќе возат 13,7 километри, индивидуално хронометарско натпреварување, а во третата етапа во градот Валона ќе се возат 160 километри.
Велосипедската трка „Џиро д’Италија“, во која се натпреваруваат 23 екипи, ќе заврши на 1 јуни во Рим, главниот град на Италија.
Во декември 2024 година беше одлучено воведната етапа на „Џиро д’Италија“, наречена „Гранде Партенца“ (Голем старт), да се одржи во Албанија.
Албанските власти го сметаат одржувањето на првите етапи од „Џиро д’Италија 2025“ во земјата како важен момент за вклучување на Албанија на мапата на меѓународни активности.