Веројатноста за преживеани во авионската несреќа во Непал мала, спасувачката операција во тек

Спасувачите денес ја продолжија потрагата по четири лица кои сè уште се водат како исчезнати откако авионот со 68 патници и четворица членови на екипажот се урна во Непал, јавува Агенција Анадолија (АА).

Најмалку 68 луѓе загинаа вчера кога авион се урна во близина на градот Похара во централен Непал, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Непал (CAAN), што се смета за најсмртоносна несреќа во земјата во повеќе од 30 години.

Според CAAN, меѓу патниците имало 53 Непалци, пет Индијци, четворица Руси, двајца Корејци, еден Ирец, еден Австралиец, еден Аргентинец и еден Французин. Шест од 68 патници биле малолетни, од кои 37 машки и 25 женски.

Кришна Бандари, портпарол на Армијата на Непал, за АА изјави дека операцијата за пребарување продолжила рано утринава.

„Четири лица сè уште се водат како исчезнати“, рече тој, додавајќи дека поради темнината операцијата за пребарување синоќа била прекината.

Бандари рече дека спасувачките тимови сè уште не пронашле преживеани на местото на несреќата.

„Постојат многу причини за авионски несреќи, потребно е време да се разбере вистинската причина. Но, колку што можеме да видиме, авионот паднал поради нерамнотежа“, му соопштија аеродромските власти на премиерот Пушпа Камал Дахал Прачанда, кој пристигна на Меѓународниот аеродром „Трибхуван“ по несреќата.

За време на брифингот беше кажано дека пилотот го однел авионот до клисурата за да ја заштити населбата. „Авионот не се урнал во населбата, туку паднал во клисурата“, рекоа официјалните лица на брифингот.

„Точната причина ќе биде откриена по истрагата“.

Владиниот портпарол и министер за финансии Бишну Прасад Паудел претходно соопшти дека Владата формирала петчлена комисија за истрага на авионската несреќа и поднесување извештај во рок од 45 дена.

Тој истакна дека Владата наредила техничка проверка на сите домашни авиони, кој потоа ќе го спроведе до истражната комисија за да спречи идни несреќи.

Минатата година, 22 лица загинаа кога приватен авион управуван од непалската авиокомпанија „Тара Ер“ се урна веднаш по полетувањето од Похара.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).