Според информациите приведени се началници и полицајци кои биле на смена кобната ноќ кога изби пожарот во дискотеката Пулс.
Вкупно приведени се 13 лица: Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).
Овие апсења следуваат по веќе преземени мерки од страна на полицијата и обвинителството, откако беше отворена истрага за трагичниот настан што се случи пред неколку дена во Кочани.
Од ОЈО велат МВР во тек спроведува акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници и дека соопштение ќе има во текот на утрешниот ден.
Инаку, утре во 12 часот напладне закажана е прес-конференција на која Обвинителството ќе соопшти детали од истрагата за пожарот во Кочани и обвинението коешто треба да го поднесат.
4news.mk




