Вештачката интелигенција, користејќи Google ImageFX и предвидувања од водечките научници, создаде слики кои покажуваат како би можеле да изгледаат луѓето за 1.000 години, а резултатите предизвикаа многу контроверзии. Експертите веруваат дека неколку клучни фактори ќе влијаат на еволуцијата на човечката раса: технолошкиот напредок, климатските промени, мешањето на населението и можноста за живот во вселената.
- Како ќе се променат луѓето за 1.000 години?
Пониска височина - Потемна кожа
- Повеќе изедначени црти на лицето
- Помалку генетска разновидност
- Поголема технолошка интеграција
- Помал мозок
- Пониски стапки на промени во расположението
-
- Потенцијална адаптација за живот во вселената
Луѓето ќе станат пониски
Професорот Марк Томас, генетичар на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL), истакна дека постои можност луѓето во иднина да станат пониски. Тој објаснува дека раниот пубертет и помалата висина може да се поврзани, па ако луѓето кои порано созреваат имаат повеќе деца, таквите гени би можеле да станат доминантни кај популацијата.Луѓето ќе станат попривлечни.
Научниците веруваат дека во следните 1.000 години би можело да дојде до промени во особините кои се сметаат за привлечни. - „Влегуваме во свет во кој жените ги избираат и ќе избираат мажи што им се допаѓаат – дали за интелигенцијата, успехот, физичкиот изглед или мускулестото тело. Како што расте женската селекција, се очекува овие особини да се зголемуваат“. Долгорочно, ова може да доведе до тоа просечниот човек да стане „малку поубав отколку што е денес“, вели професорот Томас.
Revealed: What humans will look like in 1,000 years, according to scientists https://t.co/3GQQv74APr
— Daily Mail Online (@MailOnline) February 9, 2025
usb.mk