Илон Маск на почетокот на октомври оваа година го изненади целиот свет кога објави дека има намера повторно да го купи Твитер нудејќи 54,20 долари по акција. Ова се случи по неколку месеци кога беше подготвен да плати 44 милијарди долари
Основачот на Тесла и мултимилијардерот Илон Маск на социјалната мрежа, која има намера да ја купи, продолжи да објавува содржини кои го будат вниманието на светската јавност.
Имено, тој ги покани корисниците на Твитер да го купат неговиот парфем.
„Ве молам, купете го мојот парфем за да можам да купам Твитер“,
Инаку, името на парфемот е многу необично и интересно – „изгорена коса“.
Можно е Маск ова да го напишал иронично со оглед на тоа дека често знае да се пошегува на своја сметка и да пишува разни вицови.
The finest fragrance on Earth!https://t.co/ohjWxNX5ZC pic.twitter.com/0J1lmREOBS
— Elon Musk (@elonmusk) October 11, 2022
Со оглед на тоа што деловниот весник „Форбс“ неговото богатство го процени на дури 151 милијарда долари, тешко е да се поверува дека најбогатиот човек на светот нема доволно пари за да го купи Твитер, односно дека му требаат пари од продажба на парфем.
Тој тврди дека веќе се продадени 10 000 шишиња парфем, а цената на едно шише е 100 долари. Според неговите зборови, за неколку часа заработил милион долари.
Маск е најпрепознатлив по компаниите со кои раководи, а тоа се „Тесла“ – производител на електрични возила, „Спејс икс“ – технолошка компанија и „Боринг“ – компанија за изградба на тунели.
Маск на почетокот на октомври оваа година го изненади целиот свет кога објави дека има намера повторно да го купи Твитер нудејќи 54,20 долари по акција. Ова се случи по неколку месеци кога беше подготвен да плати 44 милијарди долари.
360stepeni.mk