Американските маринци кои пристигнале во Сплит се снимени како се „журкаат“ во сплитските клубови. Некои од нив се снимени во навистина опуштени танцувачки перформанси, без маици, кошули, со спуштени пантолони..
Еден од популарните сплитски локали на Инстаграм објави видео на кое се гледа како се опуштаат и се забавуваат мариниците кои се дел од посадата на Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон УСС Џорџ Буш (CVN-77).
Самото пристигнување на американскиот носач деновиве во Сплит беше сензација, а медиумите го пратат секој миг на носачот каде е закотвен. Екипажот од бродот се покажа исто толку сензационален на социјалните мрежи.
Огромниот воен брод „застанал“ во Сплит по воена вежба, а по бројните написи за техничките можности и несомнената борбена моќ на овој носач на авиони, на ред дојде екипажот.
Како што пишува „Б92“, на „Џорџ Вашингтон“ има дури 5.000 војници, од кои 75 отсто се помлади од 25 години.
А што би правеле илјадници млади американски маринци во едно хрватско пристаниште? Многу од нив веќе се снимени како се забавуваат во ноќни клубови.
На видеата се гледа дека некои маринци се во прилично „лабава“ верзија, без кошули, со спуштени панталони.
Видеата ги објави локалот во кој се дружат Американците на својот Инстаграм профил, а во описот на видеото навеле „обично попладне“.
View this post on Instagram
faktor.mk