(ВИДЕО) Бајден со нов гаф!

Американскиот претседател Џозеф Бајден за време на годишното обраќање пред Конгресот за состојбата на нацијата направи гаф кој ги разбранува социјалните мрежи. Зборувајќи за ситуацијата во Украина, тој ги помеша Украинците со Иранците, пишуваат медиумите.

„Путин може да го опколи Киев со тенкови, но никогаш нема да ги освои душите и срцата на иранскиот народ“, рече Бајден, веројатно мислејќи на украинскиот народ.

На социјалните мрежи набрзо се појави видео на кое се гледа како потпретседателката на САД, Камала Харис во моментот на гафот на Бајден стои зад него тивко кажувајќи „украински“.

На социјалните мрежи се појавија и коментари во кои корисниците прашуваат: „Што по ѓаволите рече?“.

 

извор/фото: агенции