(ВИДЕО) Бајден со својот познат гаф, повторно се поздрави со воздухот

Американскиот претседател Џо Бајден го повтори својот познат гаф, ракување со воздухот по завршување на говор. Овојпат, тоа беше во Тел Авив во Израел, а лице од обезбедувањето му покажа дека таму нема никој и дека треба да седне. Ова доаѓа како иронија ако сме запознати со фактот дека Бајден намерно не се ракуваше со изралескиот претседател Јаир Лапид поради претпазливост од ковид-19.

Всушност, ковид-протоколите беа доста строги при средбата. Секој што е на 300 метри од претседателот требаше да биде ковид-негативен.

Па, ако не може со Лапид, може со воздухот. Ова му е трет пат да го прави гафот. Претходно истиот ден, Бајден во својот говор на аеродромот во Тел Авив ги помеша зборовите „чест“ и „ужас“, па рече „честа на Холокаустот“.

Месецов тој се прослави и со гафот дека често ги чита ливчињата со инструкции кои му ги даваат неговите вработени. Во една прилика тој прочита од инструкциите, а во друга тој несакајќи го покажа ливчето пред новинарите.

Денеска Бајден ќе отпатува во Саудиска Арабија, следна точка на неговата турнеја на Блискиот Исток.

 

plusinfo.mk