Спектакуларниот дочек почна на аеродромот, по што колоната се движеше до плоштадот Бан Јелачиќ во центарот на Загреб, каде исто така имаше илјадници граѓани кои ги дочекаа.
Тие се движеа со специјален панорамски автобус со полициска придружба. И покрај тоа што централната прослава е на градскиот плоштад, градските власти ги повикаа навивачите да излезат на улиците, за да ги поздрават фудбалерите. Успехот на мундијалот е прославен на ист начин како и пред 4 години, кога на светското во Русија играа финале и го освоија второто место. Ова е втора бронза за Хрватска , по првата од светското првенство 98-ма во Франција
vesnik.com