Смртоносните поплави во Нов Зеланд продолжија и денеска откако обилните дождови го зафатија Северниот остров во земјата, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, поројни поплави и уривање на патишта.
Окленд, најголемиот град во Нов Зеланд со 1,6 милиони жители, остана во вонредна состојба откако во петокот го доживеа највлажниот ден во историјата, предизвикувајќи поплави во кои загинаа три лица. Сѐ уште се трага по уште едно лице,
Фокусот на вонредната состојба оттогаш се пресели на југ. Округот Ваитомо, кој се наоѓа на околу 220 километри од Окленд, прогласи вонредна состојба доцна во саботата.
Националната агенција за прогнозирање МетСервис предупреди на влошување на времето во недела и понеделник на Северниот остров, вклучувајќи го и Окленд, каде се можни силни грмотевици.
Полицијата во неделата соопшти дека помага во управувањето со сообраќајот и затворањето на патиштата во регионот откако обилните врнежи „предизвикаа бројни лизгања на земјиштето, поплави и оштетувања на патиштата“.соопшти полицијата во неделата.
slobodenpecat.mk