Новото двеминутно рекламно видео на руски „Гаспром“ испраќа јасна порака до Европа. Рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ во најновата реклама користи песна од советската ера во адаптирана верзија. Видеото го прикажува исклучувањето на руските гасоводи и европските престолнини додека се спушта „злобната зима“.
„А зимата ќе биде долга. Еве, види, преку реката, есента полека умира и мавта со жолта рака“, пее Јуриј Визбор во еден од неговите најголеми хитови, кој завршува со предвидувањето дека зимата ќе ја следи „само темнина и снег“.
На снимката се гледа како работник ги исклучува вентилите, носејќи ја иглата за притисок на гасот на нула, додека ледените облаци злобно лазат по екранот, илустрирани со воздушни снимки од Брисел, Берлин, Париз и Лондон.
Најголемиот руски гасовод, кој испорачува природен гас во Европа, нема да работи додека Сименс енерџи не ја поправи опремата, изјави за Ројтерс, претставникот на Гаспром, Виталиј Маркелов.
vecer.press