Денот на албанското знаме се славеше низ Македонија, но и низ Скопје. На социјалните мрежи, попладнево беше објавено видео каде се гледа кинење на македонското знаме.
Граѓаните на социјалните мрежи побараат одговорност и најостри санкции за уништувањето на македонско знаме. Тие велат, видео докази има, на потег е полицијата да преземе мерки.
Немам зборови… pic.twitter.com/A3bS1WU8KY
— Роберто Навали (@roberto_navali) November 28, 2024
Според Кривичниот законик, за „тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Северна Македонија, нејзиното знаме, грб или химна“, предвидена е парична казна или затвор до една година.
Претходно, Скопје Инфо објави дека стотици возила попладнево го блокираа главниот град на потегот од Средно Водно до Центар. Со развиорени албански знамиња, се славеше Денот на албанското знаме.
skopjeinfo.mk