Како Бугарија го билдаше своето малцинство во соседна Албанија и вршеше притисок на последнот попис? Албанската телевизија Топ Ченл преку сторија ја прикажува стратегијата на официјална Софија за вештачко создавање на бугарско малцинство. Делењето на бугарските пасоши во пресрет на пописот и посетата на високи претставници на бугарските власти кои отвараа училишта на бугарски јазик во Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци, се само дел од бугарската пропаганда, објави Алфа.
Потпретседателката на Бугарија Јотова во септември ги посети македонските села во Албанија во придржуба на членот на Бугарската аакдемија на науките Спас Ташев кој со години посветено работи на зголемување на нивното малцинство. Како што наведува ТОП ЧЕНЛ, тој Уште во 2020-та тој побарал од Владата на Бугарија да преземе конкретни чекори за бугарското малцинство во Преспа иако на пописот од 2019-та само едно лице се пишало како Бугарин.
Топ Ченл ја обвинува Бугарија за силна пенетрација во албанската државна структура бидејќи резултатите од пописот во 2019 биле само за интерна употреба на Заводот за статистика.
Во однос на македонското население во Пустец, дел од жителите сведочат за теророт и заканите од страна на бугарските власти.