(ВИДЕО) Карлеуша ја понесоа емоциите, се расплака пред преполн плоштад

Таа на сцената се појави околу 21 часот, а нејзиното појавување ја остави публиката без здив, објави Телеграф.

Карлеуша доминираше во бел костим, „жешки панталони“ ја истакнаа нејзината витка фигура и покажаа колку Јелена всушност ослабела.

Аутфитот го комплетираше со детали од вештачко крзно и тафт чизми кои се полн погодок оваа зима.

Јелена со своите најголеми хитови забавуваше илјадници и илјадници луѓе, а следеше дел со балади, кога ја изведе и песната „Тивок убиец“, посветена на нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ.

По три часа пеење, без пауза, Јелена мораше да се поздрави со публиката која не ѝ дозволи да ја напушти сцената.

-Џеко, те сакаме!

Оваа трогателна сцена ја натера Јелена да пушти солза, па ги покри очите со рака за да не видат другите.

– Момци, ве сакам! Им кажа Јелена Карлеуша, а емотивниот момент можете да го погледнете во видеото.

 

telegraf.rs