(ВИДЕО) Критична ситуација во БиХ, се излеаа реки

Реките во северозападните делови на Босна достигнаа критични нивоа на водата во неделата по обилните врнежи и се заканува да се излеат од нивните корита.

Медиумите веќе јавуваат дека има поплавени куќи.

Најлошо е во поширокото подрачје на Приједор, Бихаќ и Сански Мост, а во тој град синоќа е прогласена вонредна состојба откако водата од две реки ја поплави главната улица и почна да истекува во станбени и деловни објекти.

Нивото на водата на Сана достигна ниво од три и пол метри, што се смета за критично. Локалната цивилна заштита го повика населението да биде дополнително внимателно бидејќи се најавува продолжување на обилните врнежи.

На подрачјето на Бихаќ врнежите предизвикаа одрони, а во околината на Приједор, според достапните информации, водата до недела им се закануваше на повеќе од двесте станбени објекти.

Поради надојдените реки и постојаните врнежи, сообраќајот се одвиваше отежнато, па патот меѓу Босански Нови и Приједор мораше привремено да биде затворен.

Автомобилската асоцијација на Република Српска во неделата наутро соопшти дека сите главни патишта се проодни во тој дел на Босна и Херцеговина.

 

vecer.mk