(ВИДЕО) Мицкоски на 62-та Минхенска безбедносна конференција, оствари нзачајни средби

При посетата на Сојузна Република Германија, каде што присуствувам на 62-та Минхенска безбедносна конференција, остварив значајни средби на првиот ден.
Денешниот прв ден го започнавме со средба со високи претставници на компанијата „Шварц“ која вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија.
Вториот состанок го имавме со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
Дозволете ми на крај да им честитам на македонските граѓани за онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија.