Најмалку 174 лица загинаа, а 180 се повредени во стампедото и немирите на фудбалски натпревар во Индонезија, соопштија денеска локалните власти, давајќи појаснувања за една од најтешките катастрофи на стадионите ширум светот.
According to local police, a crowd stampede at a football match in Indonesia's East Java province has left at least 120 people dead and 180 others injured.
pic.twitter.com/hYLZz4Gyff— All Sportz 🏀⚽ (@Allsportztv) October 2, 2022
Кога гневните навивачи на поразената домашна екипа синоќа упаднаа на теренот во Маланг, во провинцијата Источна Јава, полицијата употреби солзавец во обид да ја ставии ситуацијата под контролира, што, меѓутоа, предизвика стампедо во кое многумина се задушиле, изјави началникот на полицијата во Источна Јава, Нико Афинта.
-Стана анархично. Навивачите почнаа да ја напаѓаат полицијата, да уништуваат автомобили, изјави Афинта, додавајќи дека турканиците настанале кога навивачите тргнале со трчање кон излезот.
На видео снимка од локален медиум се гледа како навивачите упаѓаат на теренот околу 22 часот по локално време, откако нивниот домашен клуб ФК „Арема” загуби со 3-2 од „Персебаја Сурабаја”.
На видеото се гледа тепачка и нешто што се чени дека е солзавец во воздухот, како и навивачи кои носат луѓе во бесознание.
Директорот на една од болниците каде се пренесени повредените за ТВ Метро изјави дека некои од жртвите се здобиле со повреди на мозокот и дека меѓу загинатите има и петгодишно дете.
Индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави дека властите мора темелно да ја проценат безбедноста на натпреварите и додаде дека се надева оти ова е „последната фудбалска трагедија во земјата”.
Џокови, како што го нарекуваат претседателот, му нареди на Фудбалскиот сојуз на Индонезија да ги прекине сите натпревари од националната врвна лига БРИ Лига 1 додека не заврши истрагата.
ФИФА во своите безбедносни прописи наведува дека редарите и полицијата не смеат да користат оружје, ниту „гас за контрола на толпата”.
Комисијата за човекови права на Индонезија, исто така, има намера да ја испита безбедноста на теренот, вклучително и употребата на солзавец, изјави нејзиниот комесар.
видео: TWITTER