(ВИДЕО) Невреме со силен дожд во Анкара

Невреме проследено со силни дождови попладнево го зафати главниот град на Турција, Анкара, предизвикувајќи поплави и сериозни проблеми во сообраќајот.

Како што јавува турската новинска агенција „Анадолу“, поради големата количина на врнежи, некои улици во градот се целосно поплавени, а сообраќајот во тие делови е значително отежнат.

Граѓаните се повикуваат на претпазливост, додека надлежните служби се на терен и работат на нормализирање на состојбата.

 

 

 

4news.mk