Пожар го зафати научниот центар на Тесла во Варденклиф, единствената преостаната лабораторија на Тесла на Лонг Ајленд, Њујорк, соопшти американската полиција.
Пожарот избувнал во Научниот центар Тесла на Рандал Роуд во Шорехам нешто пред 17 часот во вторникот, пренесува News12.
Зградата датира од 1901 година и беше последната постојана лабораторија на Никола Тесла.
Тесла живеел во Шорехам околу три години и направил револуционерни откритија во областа на електричната енергија и безжичната технологија.
vesnik.com