(ВИДЕО) Прослава во Техеран на плоштадите за иранските напади врз Израел

Граѓаните на Техеран вечерва излегоа на улиците за да го прослават одговорот на Иран на израелските напади, објави агенцијата Анадолија.

 

 

Масовно собирање на градските плоштади

Откако Иран започна контранапад со стотици балистички ракети како одговор на израелските напади во петок наутро, жителите на Техеран ги гледаа нападите на голем екран поставен на плоштадот.

Стотици луѓе се собраа на Плоштадот на револуцијата во главниот град за да го прослават ракетниот напад врз Израел.

Носејќи ирански и палестински знамиња и транспаренти на Хезболах, Иранците им се заблагодарија на претставниците на вооружените сили.

Државната телевизија прикажа снимки од прославите на други плоштади низ целата земја.