Кесли Вингер, една од најпознатите американски спортски новинарки кои ги следат случувањата во безболот, е во центарот на вниманието, но не поради својата убавина и одлични анализи, туку поради фактот што беше удрена со топче во главата и тоа со брзина од 153 километри на час.
Таа настрада на мечот помеѓу Сан Франциско и Колорадо, каде што беше службено, а беше погодена од удирачот на домаќинот, Остин Слејтер, секако без никаква намера. Вингер веднаш била пренесена во болница, каде што била прегледана и сошиена, со оглед што ударот предизвила голема отворена рана на нејзиното чело.
Did this foul ball line drive really hit @KelsWingert? pic.twitter.com/691FpIZLud
— Ben Cary (@Ben_Cary_) May 17, 2022
24info