Голема трагедија тргадија се случи кај Рожаје, во градот Зелени, на автопатот Рожаје-Баќ кога возило слетало во коритото на реката Ибар и на лице место починале тројца малолетници, а еден е тешко повреден.
Тешко повредениот 17 годишник итно бил пренесен во Општата болница во Беране, каде лекарите се борат за неговиот живот.
Трагедијата се случила во петокот околу 22.30 часот, на место каде што автопатот не е заграден со банкина и кое е познато по слични несреќи.
Засега не се познати причините за трагедијата. Многу сограѓани се простуваат од загинатите млади момчиња, а Ф.Д. (17), кој е на заедничките фотографии, е тешко повреден и лекарите се уште се борат за неговиот живот.
а1on.mk