Пет дена по првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Турција во раните утрински часови во понеделникот, приказните за чудесни спасувања од урнатините на зградите сè уште се слеваат.
Бремена жена и нејзината мала ќерка беа извлечени од урната зграда во турскиот град Газиантеп 115 часа по земјотресот.
Adeta bir mucize…
115. saat sonunda #Gaziantep #Nurdağı’nda
6 aylık hamile Zahide Kaya ve 7 yaşındaki kızı Kübra #deprem enkazından canlı çıktı.Yaradan’a şükürler olsun. pic.twitter.com/0a02BdMtwF
— Fatma Şahin (@FatmaSahin) February 10, 2023
Исто така, имаше извештаи за спасување на неколку луѓе во областите погодени од земјотресот во Турција по 110 часот – меѓу кои и еден тинејџер.
На видеото на германската организација за вонредни состојби, наводно, се гледа како девојчето е извлечено живо од урнатините во Кахраманмарас откако било заробено повеќе од 110 часа. Турската фондација за хуманитарна помош објави и видео на кое се гледа како маж е пренесен од урнатините во блиската амбуланта.