Поради интензивната снежна бура во државата Њујорк, прогласена е вонредна состојба, јавуваат медиумите.
Претседателот Џо Бајден одобри федерална декларација за вонредна состојба за 11 окрузи во Њујорк, по снежната бура која го затрупаа регионот во текот на викендот.
Акцијата на претседателот го овластува Одделот за домашна безбедност, Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), да ги координира сите напори за помош при катастрофи кои имаат за цел да ги ублажат тешкотиите и страдањата предизвикани од вонредната состојба на локалното население и да обезбеди соодветна помош за потребната итни мерки.
Окрузите опфатени со декларацијата се Катараугус, Чаутаука, Ири, Џенезе, Џеферсон, Луис, Нијагара, Онеида, Освего, Сент Лоренс и Вајоминг.
slobodenpecat.mk