Викендов краткотрајно поизразена топлина во Македонија, без екстремно високи температури. Попладне локална нестабилност

За време на овој викенд (сабота и недела 18/19 јули) во Македонија ќе имаме краткотрајно интензивирање на топлината, и покрај ова изразен топлотен бран и екстремно високи температури на воздухот во Македонија нема да имаме. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 22 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 20 степени, а преку денот таа ќе се искачува до околу 38 степени.

Да напоменам дека во попладневните часови атмосферата нема да ни биде во целост стабилна, па ќе има услови за изолиран развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

slavcometeo.mk