Кралицата Елизабета Втора е под медицински надзор во Балморал, Шкотска, откако нејзиното здравје ги загрижи лекарите, соопшти Бакингемската палата.
„По дополнителните прегледи утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на Нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението, пренесува Би-би-си.
Десетици граѓани денеска се собраа пред портите на замокот Балморал во Абердиншир. Полицајците ја чуваат вратата на патеката што води до замокот каде што на кралицата ѝ се придружуваат членовите на нејзиното семејство.
https://twitter.com/firamnews/status/1567865997670944770?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567865997670944770%7Ctwgr%5Ea377a52abe8df47123b3e85348b560adc7a6f51b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fgragjani-se-sobiraat-pred-zamokot-balmoral-zagrizheni-za-kralicata-elizabeta-vtora%2Fa546063
Бакингемската палата во своето соопштение вели дека кралицата била во замокот и дека ѝ било „удобно“.