Јавното обвинителство нека не се прави слепо при очигледен скандал со изборот на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д кој што го спроведоа Ковачевски и Груби. Обвинителството нека не се однесува како заштитник на криминалот и веднаш да постапи, бидејќи во овој случај има толку очигледни прекршување што само партиските структури во правосудните органи не сакаат да ги видат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Конзорциумот кој што го избраа Ковачевски и Груби наплатил 900 илјади евра за еден месец за ангажирање на само 4 лица за изготвување само на еден договор. Истите овие 4 лица дополнително ќе поделат други 300 илјади евра по истиот основ, што е огромна сума за многу побогата држава од Македонија. Во време кога во Македонија нема пари да се испечатат учебници во образованието, еден милион евра се исплатени за пишување на еден договор.
Дополнително и другите исплати поврзани со надзорот се енормни. Така цените кои се наведени за инженери и надзорници се и до 7 пати поголеми од тие кои се плаќани на други проекти. Најголем дел од овој 22 милиони евра тежок тендер ќе поминат низ фирмата Електра Солушн која до скоро се занимавала со шиење гаќи, а ќе се омрсат и компаниите Евро Консалтинг која е поврзувана со Димитријевиќ кој избега од Ерменија заради обвинение за корупција и фирмата ЕПТИСА која самата влада ја забрани за соработка и даде негативна референца.
Ковачевски и Груби сето ова свесно го организирале, но да имаше правна држава, каква што нема досега ќе се отвореше постапка и случајот ќе почнеше да се испитува. За криминалите на оваа власт ќе има одговорност, но и за оние институции кои требало тоа го спречат но молчеле.
извор: ВМРО ДПМНЕ