После цели пет ипол години власт срамно е што Ковачевски се фали со 500 евра просечна плата, во време кога реалните трошоци за живот се 1000 евра. Наместо да се фалат со просечната плата, Владата на СДСМ треба да каже која е најчесто исплатената плата, која реално е далеку под тие 500 евра. Просекот на исплатената плата вештачки се крева од страна на помал број на луѓе чии плати се енормно високи, и затоа реперот треба да биде платата која најчесто се исплатува на пазарот на труд, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме истот во целост:
Воедно тие 500 евра плата најмногу ги троши инфлацијата, струјата која СДСМ ја поскапи, зејтинот, бензините, лебот, млекото.
Тие 500 евра плата на Ковачевски се доволни само во паралелниот свет на власта каде тече мед и млеко, има тендери и добра заработка на политичарите кои како голтари влегоа во политиката а сега се милионери. А во реалниот свет на обичните граѓани има беспарица, невработеност и сиромаштија која расте.