Во Белград одржана Литија против парадата на гордоста

Мирната колона започнала протестна прошетка од Патријаршијата. Од Соборниот храм продолжиле да се движат сѐ до храмот Свети Сава.

Насобраните граѓани носеле српски знамиња, а дел имале икони на православни светци. На почетокот на колоната имало развиорено знаме со натпис:

„Свети оче Саво, моли се на Бога за нас“.

Протестот поминал мирно, без инциденти, пишува српски Курир.

 

kurir.rs