Во Косово уапсен 44-годишен маж, кој во алкохолизирана состојба со нож ја нападнал својата 21-годишна ќерка – таа се бори за живот

Синоќа во Призрен, град во Косово е уапсен 44-годишен маж, кој во алкохолизирана состојба со нож ја нападнал својата 21-годишна ќерка и и нанел повреди опасни по живот, пренесува Телеграф.

Од Регионалниот полициски центар во Призрен потврдија дека А.Ш. (44) по расправија, под дејство на алкохол, со нож ја нападнал ќерката Е.Ш. (21), нанесувајќи и повреди на грбот.

Состојбата на повредената девојка е критична и лекарите се борат за нејзиниот живот во болницата во Призрен. Со оглед на тоа дека таткото бил пијан, по наредба на надлежен обвинител му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.

Случајот е опишан како обид за убиство, пишува Телеграф.