Во Македонија се очекуваат најмалку 21 бугарско здружение во 17 градови. Според извештајот на бугарската „Фондација Македонија“, нови бугарски клубови и здруженија во скоро време може да очекуваат стружани, прилепчани и стумичани, додека пак битолчани покрај опожарениот „Ванчо Михајлов“, веројатно ќе добијат уште еден, објави Алфа.мк.
Во моментов има повеќе бугарски здруженија во процес на регистрација во градовите Струга, Прилеп, Битола и Струмица. Организирање на културниот живот на бугарите во Македонија е исклучително важно за зачувување и развој на бугарската култура во Вардарска Македонија. Фондација Македонија планира да го поддржи отворањето на 21 ново бугарско здружение во 17 градови во календарската 2022 година“ – стои во извештајот на „Фондација Македонија“.
Според статутот на фондацијата, за своите операции и активности може да прими пари од бугарските власти, а својота соработка и координација со институциите на Бугарија не ги крие.