Албанија вчера ја зафати невреме, проследено со силен дожд, што предизвика поплави и проблеми во снабдувањето со електрична енергија во некои делови од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обилните врнежи зафатија повеќе региони во земјата, додека најкритична е состојбата во скадарскиот крај, каде што како резултат на поплавите животот го загубија две лица.
По извршените операции, пронајдени се мртвите тела на таткото и синот.
Според соопштението на локалната полициска управа во Скадар, мртвите тела се пронајдени по 16 часа интензивни операции извршени во текот на вчерашниот ден попладне, во текот на ноќта и утрово.
Албанија беше зафатена од невреме, со обилни дождови и силен ветер, што продолжи и во ноќните часови.
Поплавени се повеќе населени места, земјоделски површини и патишта во Скадар.
Припадниците на Вооружените сили на Албанија и други институции, како и граѓаните се ангажирани за да му помогнат на погоденото население.
извор:Агенција Анадолија (АА).