На 10.01.2024 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Н.(29) од неготинско село, по пријава од неговиот 51-татко, затоа што, според пријавеното, во семејната куќа физички го малтретирал и му се заканувал.
М.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.