Во Тетово од возач без дозвола „Порше“ одземено по наредба на обвинител

Полицијата во Тетово лиши од слобода 27-годишен возач од селото Требош, кој управувал патничко возило „Порше“ без да поседува возачка дозвола.

Контролата била извршена на 8 февруари 2026 година, околу 00:20 часот, на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово. При сообраќајната контрола било констатирано дека возачот управувал возило со тетовски регистарски ознаки без соодветна дозвола за управување.

По насоки на јавен обвинител, возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.