Агенцијата за вонредни состојби на Република Туркије (АФАД) објави дека во Туркије и околните региони во периодот од 6 февруари до 4 март се регистрирани близу 13.000 земјотреси, јавува Анадолу.
АФАД на својот профил на социјалните мрежи го објави бројот на земјотреси во изминатиот месец.
„АФАД од 6 февруари до 4 март во нашата земја и околината евидентирани се близу 13.000 земјотреси. Бројот на потреси регистрирани во овој месец е еднаков на бројот на земјотреси регистрирани во период од шест месеци“, наведе АФАД.
АФАД објави и мапа со локациите каде што се случиле земјотресите.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.