Во Франција се укинуваат бројни здравствени ограничувања, се укинуваат КОВИД сертификатите, маската веќе не е задолжителна

Откако од почетокот на март е регистирано намалување на бројот на случаи на Ковид-19 францускиот премиер Жак Кастес најави дека од денеска ќе се укинат бројни здравствени ограничувања, јави дописникот на МИА.

Од друга страна, ќе остане обврската за задолжително носење маска во „колективниот превоз на патници“ и здравствените установи, рече премиерот на 3 март.

Министерот за здравство Оливие Веран на Франзуците порача „ не се двоумете и чувајте ја маската, штом сте на затворено место, со луѓе кои не ги познавате и кои се потенцијално заразни. Носењето веќе не е задолжително, но останува можноста да се носи и дури се препорачува да се носи во одредени ситуации“.

Пропусницата за вакцинација, исто така, ќе биде укината во сите установи каде што досега се бараше, како што се места за одмор и култура, ресторани или дури и салони.

Од понеделник здравствениот протокол во училиштата се враќа на ниво 1. Премин кој води до крај на носењето маски во затворени простории, од основно до средно училиште, а кој важи и за учениците и за наставниците.

Фото:

France 24