Во Холандија се повлекува од продажба црвено грозје – опасно е по здравјето

Алберт Хејн веднаш го отстранува пакуваното црвено грозје од продавниците. Ова се однесува на црвеното грозје без семки во пакувања од 250 грама и 500 грама кои содржат превисоко ниво на производ за заштита на културите ефон. „Ова може да биде опасно по здравјето“, известуваат од супермаркетот

„Итно се молат клиентите кои го купиле грозјето со шифра на производ 44-G (на предната страна на пакувањето) да не го јадат и да го вратат во продавница на Albert Heijn. Таму ќе ја добијат куповната цена.

извор: НОС Холандија