Вработените од Македонска пошта повторно на протест – бараат да им биде исплатена септемвриската плата

Двете синдикални организации на Македонска пошта денеска повторно одржаа предупредувачки протест за време на паузата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите, да се подобрат нивните услови за работа и државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи. На 29 октомври излегуваат на протест пред владата.

 

Фото: Архива