1281 Мартин IV станува папа.
1819 Шпанија ја продава Флорида на САД за пет милиони американски долари.
1862 Во текот на Американската граѓанска војна, Џеферсон Дејвс бил прогласен за претседател на Конфедерацијата на државите на Америка, составена од 11 јужни држави.
1879 Во Јутика, Њујорк, САД, Френк Вулворт ја отвора првата продавница од својот синџир на продавници.
1955 Поради повреда, предизвикана од паѓање од коњ, тенисерката Морин Коноли, позната како „Малата Мо“ се повлекла од тенисот. Таа победила на Вимблдон трипати по ред, во 1952, 1953 и 1954 година.
1979 Карипскиот остров Света Луција стекна независност по 165 години поминати под британска управа.
1980 Израелската влада донесе одлука за пуштање во оптек на нова национална валута, шекел, која ја замени израелската фунта.
1980 Хокеарската репрезентација на САД извојува победа над екипата на СССР во финалето на Зимските олимписки игри во 1980 г.
1986 Долгогодишниот претседател на Филипините, диктаторот Маркос бил принуден да ја напушти земјата, под притисок на јавноста.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
2011 Градот Крајстчерч во Нов Зеланд е погоден од катастрофален земјотрес.