Врз поранешен германски министер фрлен колач од пена в лице за време на неговиот говор

Поранешниот германски министер за финансии и лидер на партијата Слободни демократи (ФДП), Кристијан Линднер, беше погоден в лицето со „торта“ од пена за време на неговиот говор, известува Анадолу.

Додека Линднер држеше говор во Грајфсвалд, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, како дел од кампањата за предвремените парламентарни избори во Германија, сѐ не се одвиваше како што очекувал.

Во текот на неговиот говор тој беше нападнат од членка на локалниот огранок на Младата левица. Додека говорел, една млада жена му пришла од зад грб и му фрлила торта од пена за бричење в лице.

Линднер, кој мирно одговори на нападот, го продолжи говорот со зборовите: „Повеќе би сакал крем торта“.

Обезбедувањето набрзо ја отстранило напаѓачката.

Предвремените избори во Германија се закажани за 23 февруари 2025 година.

извор: АНАДОЛИЈА