Вселенскиот патријарх Вартоломеј повторно предложил идејата Велигден да се слави на ист ден и за православната и за римокатоличката црква

Вселенскиот патријарх Вартоломеј повторно предложил идејата Велигден да се слави на ист ден и за православната и за римокатоличката црква, пишува „Катимерини“.

Обраќајќи им се на оние кои се против идејата, Вартоломеј, духовен водач на православните христијани ширум светот, појасни дека договорот ќе се фокусира исклучиво на датумот на Велигден, а не на заедничките служби. Во својата проповед за празникот Свети Никола, тој изрази оптимизам за траен договор со папата Фрањо , особено што Велигден 2025 година се совпаѓа и за источното и за западното христијанство.

Тој, исто така, посочи дека англиканските и другите протестантски цркви може да го усвојат овој обединет датум во иднина.

4news.mk