Градскиот совет на Вуковар на денешната седница донел одлука за измени на Статутот на градот, со која се отстранува правото на српското малцинство да користи кирилица.
Одлучено е да се избришат одредбите за службена употреба на српскиот јазик и кирилското писмо и со тоа да се поништи Статутарната одлука за постигнување рамноправна службена употреба на јазикот и писмото на српското национално малцинство на подрачјето на Вуковар. известува Индекс.
Во образложението на одлуката за измените на Статутот, било наведено дека таа е донесена врз основа на официјалните резултати од пописот на населението, кои покажуваат дека во Вуковар живеат 29,73 отсто Срби, што е помалку од една третина, поради што Србите нема повеќе да го користат правото на службена употреба на српскиот јазик и кирилицата.
vesnik.com