Вучиќ: Наскоро во регионот ќе се затворат шопинг центрите, нема да им се исплати да плаќаат кирии

Претседателот на Србија, кој е во посета на Унгарија, се обрати на јавноста, потенцирајќи дека ситуацијата е многу тешка.

Но, не вреди да кукаме. Со Австрија и со Унгарија се договоривме како да се подготовиме и како да си помогнеме едни на други, изјави Вучиќ од Будимпешта.

Вучиќ кажа дека се разговарало за многу важни теми, а присустувале и Петер Сијарто и Синиша Мали.

Многу е важно да се зборува за финансиите, да видиме како да ги решиме проблемите во иднината. Она што го стекнавме и го заработивме, може да го загубиме за шест месеци заради неодговорност на лидерите во светот. Мора да видиме како да ја сочуваме ниската цена на гасот и струјата, не само за домаќинствата туку пред се за компаниите, да ги субвенционираме, да не го загубат местото во производствениот процес. Најсилните опстануваат, малите играчи немаат шанси. Наскоро во регионот ќе се затворат шопинг центрите, нема да им се исплати да плаќаат кирии, вели Вучиќ.

извор: Република