Србија секогаш ќе биде ваша мајка, а ние сме еден народ кој живее во различни држави. Ова предмалку го изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ. Претседателот Александар Вучиќ посочи дека ни треба единство, заедништво и обединување повеќе од кога било. Тој нагласи дека ова е последната вечер на која ќе зборува како претседател на Српската напредна странка и рече дека е за дијалог и разговор, но дека нема да има преодна влада.
„Не постои нешто друго полошо од омраза. Овој голем собир денеска не е против никој. Ниту едно име не споменавме, ние се собравме од љубов, поради љубовта кој Србија кон нашата татковина, бидејќи друга татковина немаме. Една единствена. И да се заблагодарам на сите вас кои дојдовте од Република Српска, Црна Гора, Македонија, Хрватска и сите краеви од поранешните ЈУ простори. Да ви се заблагодарам што толку ја сакате Србија, бидејќи иако живееме во одделни држави, Србија е секогаш ваша мајка и тоа така ќе биде, а наша работа е да никогаш не заборавиме дека сме еден народ и дека тоа никој нема да може да го промени. Ви благодарам луѓе на големата поддршка. Ви благодарам за љубовта. И јас ве сакам, да се борите и да се бориме заедно, бидејќи пред нас е најтешкиот период за борба“, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ во својот говор вечерва во Белград.
извор: Република