Руската гасна компанија Газпром во четвртокот рано наутро почна да го намалува количеството гас што го испорачува за Германија преку гасоводот Северен тек 1 на дневна максимална количина од 67 милиони кубни метри.
Намалувањето на снабдувањето со гас дојде откако компанијата најави дека ќе го намали максималниот износ на испорачаниот гас од 167 милиони кубни метри дневно на 100 милиони кубни метри. Со последното намалување, компанијата за два дена ја намали количината на гас во Германија за околу 60 отсто, а „Северен тек 1“ е главниот гасовод што доставува руски гас во таа земја.
МИА