Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина!“ на Канал 5 телевизија гостуваше во новинарот Љубомир Гајдов, каде во врска со трагичниот настан кој се случи во Кочани истакна дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски секој ден го зголемува списокот за осомничени и според него работи како атомска мравка и додаде:
„Треба секој за своето дело и недело да поднесе отчет, а тоа сега верувам дека ќе се случи бидејќи мојот велешанец министерот Панче Тошковски работи како атомска мравка и гледам дека секој ден го зголемува списокот.
Тој е еден од ретките што си ја заработува платата иако многу не го сакаат, нормално кога им брца прст во око“, истакна Гајдов
vreme.mk